Google Doodle го слави роденденот на „човечкиот компјутер“

во Веб, Свет

Google денес го одбележува роденденот на Шакунтала Деви, индијката која ќе остане запаметена како „човек-калкулатор“. Г-ѓа. Деви е родена во Индија на 4 ноември 1929 година со способноста за помнење на броеви и сложени математички операции кои ги покажала во рано детство, кога заедно со нејзиниот татко била дел од циркус. Од 1950 до 1970 година беше на турнеја низ Европа и САД каде што продолжи да воодушевува со брзите пресметки и помнењето. Во 1988 година повторно се врати во САД каде професорот Артур Џенсен ги испитуваше нејзините способности. Таа ќе остане и запомнета како жената која неколку пати го победи комјутерот, заедно со победата при пресметката на третиот корен на 188,132,517.

Шакунтала Деви почина во април 2013 година а пред смртта остави повеќе книги со загатки, броеви и меморија, но и првите истражувања на хомосексуалноста во Индија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments