Социjaлната мрежа Google+ (да, сè уште постои) доживува прoмени. Google ги искористи двете најпопопуларните функционалности, Communities и Collections, кои ги препакува како „нов Google+“. Промените ја фокусираат социјалната мрежа на интересите на корисниците и на заедниците во кои учествуваат. Communities секој ден добиваат 1,2 милиони нови членови, а Collections има 40.000 различни интереси од ТВ серии како Игра на троновите до нешто покорисно како HTML5 и Javascript.
Промените доаѓаат истовремено и на десктоп и на мобилната верзија, на Android и на iOS. Засега новата верзија е во бета фаза и корисниците ќе треба да се согласат да бидат префрлени на новиот изглед, објасни Google на својот блог. За жал, промените нема да го решат најголемиот проблем на Google+, а тоа е недостатокот на корисници. Можеби мрежата изгледа подобро од било кога, секако далеку подобро од Facebook, но ѝ недостасуваат вашите пријатели.








