0 коментари 1 мин. читање

Google+ доби нови опции, може да се уредува слика директно од мрежата

Друштвената мрежа Google+ се збогати со нови опции, како што е визуелната аналитика, опцијата за уредување фотографии директно во друштвената мрежа, како и страница на која е прикажано што е популарно на друштвената мрежа во моментот.

Првата опција, наречена Google+ Ripples, е алатка за аналитика која е наменета за оние кои сакаат да дознаат како популарен пост се шири низ друштвената мрежа. Доколку се кликне на опцијата „View Ripples“ на јавен Google+ пост, може да се види временска рамка на коментари, +1, споделувања, да се зумира на одредени настани, како и да се видат најодговорните. Целта на оваа опција е корисниците да можат одново да ги проживеат разговорите, и да дознаат како се шири содржината низ друштвената мрежа.

Опцијата наречена Google+ Creative Kit им овозможува на корисниците да ги уредуваат своите фотографии директно од друштвената мрежа. Оваа алатка за уредување нуди основни опции, меѓу кои се острење на фотографија, пишување текст, како и додавање филтри слични на Instagram.

Опцијата What’s Hot  има за цел да овозможи нов начин на откривање содржина на друштвената мрежа, а се ноаѓа веднаш под вашите кругови на левата странична лента. Оваа опција ги прикажаува најпопуларните постови и теми на друштвената мрежа, и е слична на Twitter опцијата Trending Topics.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top