Google својот Analytics продукт го носи на паметните телефони кои работат нa Android и iOS. Апликацијата е бесплатна и можете да ја барате под името Mobile App Analytics, а извештаите се дизајнирани така што развивачите ќе може да добиваат податоци за кој и како ги користи нивните апликации.
Овој чекор на Google беше очигледен, со фактот дека се поголем дел од корисниците своето време го поминуваат користејќи апликации, отколку веб. Така, сега кога некој ќе сака да регистрира своја корисничка сметка на Google Analytics, прво ќе биде прашан дали сака да го следи својот веб-сајт или мобилна апликација.
„Иако веќе ваквите податоци се достапни надвор, тие не се на едно место. Вие можете да ги добиете податоците од различни места.“ вели продукт менаџер во Google Analytics, ЈиаЈинг Ванг.
Тој додаде и дека во иднина сака да понудат подлабока интеграција со Google Play и дека развивачите чии апликации ќе бидат во Google Play ќе може да следат од кои извори доаѓаат нивните корисници.
Моментално Mobile App Analytics е во бета фаза, па доколку сакате да бидете меѓу првите што ќе го искусат користењето на апликацијата, отворен е формулар за побарување на пристап.









