0 коментари 2 мин. читање 31 јули, 2015

Големото бело копче кое ќе ви помогне да бидете продуктивни

Доколку имате проблем да само-контрола, и наместо да се посветите потполно на обврските, вие трошите време на друштвените мрежи и интернет мачиња, тогаш Sаent може да биде решение. Станува збор за bluetooth уред/копче со чие притискање автоматски се блокира се што може да му го одвлече вниманието на корисникот. Начинот на функционирање најнапред бара од корисникот да направи листа од софтвер и сајтови кои му го одвлекуваат вниманието, и секое застранување ќе го предупреди корисникот дека е време за фокусирање. Со време Saent ќе ги научи навиките на корисникот и апликациите кои ги користи при одредени задачи.

Уредот е направен да овозможува периоди на работа од 20, 50 или 90 минути со паузи. Уредот и овој период го определува од претходните сесии на корисникот, се со цел максимална продуктивност. Дури и овозможува поголема продуктивност, со куп гестикулации кој овозможуваат менување на апликации на пример директно со повлекување на прстот преку Saent може да ја промени апликацијата која е активна во моментот. Уредот стартуваше Indiegogo кампања за краудфандинг, и се покажува дека има во моментов 510 луѓе кои би дале 40 долари за уред што ќе им ја зголеми продуктивноста.

Напишано од

Дарко Булдиоски

Дарко е блогер, но поважно основач на маркетинг агенцијата <a href="http://newmedia.mk/">NewMedia.mk</a> и организатор на <a href="http://allweb.mk/">AllWeb.mk</a>, конференција за интернет маркетинг. Постојано е присутен на Twitter и огромен фан на кошарката.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top