0 коментари 2 мин. читање 27 април, 2020

GOG Galaxy стана уште подобар клиент за сите ваши игри, но и претплати

GOG Galaxy е едно од најпријатните изненадувања во војната со клиенти и успешно ги обединува сите фронтови. Се работи за клиент преку кој добивате пристап до сите ваши игри. Од една појдовна точка и преку практичен интерфејс, можете ги инсталирате и играте игрите кои се на Steam, Uplay, Origin, Gog или од каде и да е.

Втората верзија на GOG Galaxy само што не е излезена од бетата, но гејмерите веќе можат да уживаат во една долго посакувана функција, а тоа е пристап до претплати како Game Pass за PC, Uplay+, и слично. Па така, доколку сте претплатени на некој ваков сервис, автоматски ќе ви бидат понудeни за инсталирање и игрите од таквите претплати. Приказот и инсталација на игри на кои сте само претплатени и потполно ист како и со игрите кои ги поседувате.

Оваа функција е дел од петтото надополнување на клиентот. Со надополнувањето доаѓаат и неколку други функции, како можности за покренување неколку различни верзии на игра, како и со модифициани параметри. Понатаму, можете рачно да си ја средувате листата со игри онака како што баш вие сакате. Корисничкиот интерфејс има доживеано неколку промени, а бројни багови се поправени, исто така.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top