На 20 октомври се одржа 12-то издание на 24 часовниот натпревар во програмирање IEEEXtreme. Она што е за одбележување е дека резултатите пристигнаа и 2 македонски тимови се во првите 100. Ова се одлични резултати на македонските студенти, а за пофалба е и бројот од 35 натпреварувачи во 13 тимови. Глобално учествуваа над 4000 тимови.
Тимовите „Patzers“ и „Meme“ кои беа составени од студентите Давид Серафимов, Харис Мандал и Денис Мазникар, како и Васја Павлов, Стојан Илиески и Давид Симеоновски се пласираа во Топ100 на глобално ниво и Топ20 на регионално ниво. Тимот „Patzers“ е на 40-то место на глобално, и на 12 место регионално. Тимот „Meme“ го освои глобалното 66-то место и регионалното 20-то место. Во Топ100 на регионално ниво влегоа и тимовите „RNG“ составен од Иван Неделковски, Божидар Стевановски и Јован Јовановски кои се 35-то место на регионално и 102-ро место на глобално ниво, како и тимот „Laniarri“ составен од Горјан Поповски, Дарко Бошковски и Данаил Крзаловски кои се пласираа на 76-то место на регионално и 186-то место на глобално ниво. Со оглед на тоа дека регионално ниво се: Европа, Блискиот Исток и Африка, ова се одлични резултати.
Ова се резултатите на останатите македонски тимови:
- „IPA“ – 303 (глобално) – 120 (регионално)
- „LANXtreme“ – 326 (глобално) – 130 (регионално)
- „Assembler“ – 494 (глобално) – 200 (регионално)
- „ASP“ – 574 (глобално) – 233 (регионално)
- „SD“ – 577 (глобално) – 236 (регионално)
- „SKKAV“ – 674 (глобално) – 266 (регионално)
- „BufferOverFlow“ – 799 (глобално) – 301 (регионално)
- „DeTe“ – 1489 (глобално) – 520 (регионално)
- „IPA“ – 1829 (глобално) – 600 (регионално)
Организаторот е задоволен од постигнатите резултати на македонските тимови.
„Резултатите се одлични со оглед на тоа што оваа година земаа учество рекорден број на тимови над 4000. Очекуваме следната година да имаме повеќе тимови, и уште подобри резултати!“
Натпреварот беше во организација на Компјутерскиот оддел при Македонската секција на IEEE, а поддржан од страна на Netcetera (воедно и домаќин на натпреварот), NI TEKNA, RedBull и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
Целата листа може да ја погледнете тука.