Главниот дизајнер на Google Search сега работи на виртуелната реалност на Google Cardboard

Џон Вајли, главниот дизајнер на Google Search е префрлен да работи на Google Cardboard, евтина верзија на виртуелна реалност која доаѓа од компанијата. За сега Google не ја коментира новата позиција на г. Вајли, ниту има информација за неговата можната замена на позицијата главен диајнер во Google Search, јави FastCompany. Но, се работи за човек кој е еден од најзаслужните за развојот и поедноставувањето на пребарувањето. Г. Вајли е виновникот зошто Google ви прикажува картички со подетални информации при пребарувањето.

Што се однесува до Google Cardboard, тој е еден од најуникатните сетови за виртуелна реалност, иако причина за ова е најверојатно цената која е само мал дел од цените на останатите VR сетови. Cardboard чини 150 денари и досега Google има продадено над 500.000 картонски кутии, иако според популарност е зад Oculus Rift на Facebook. Една од причините е таа што сите гледаа на него како на маректинг трик, а очилата од картон и не оставаат преголем впечаток кога квалитетот на компонентите е во прашање.

Сепак најголема предност е покрај цената е можноста Cardboard да се користи со речиси сите телефони, но за успех на платформата потребни се повеќе корисни можности за примена.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments