Нова епизода на GG.MK и оваа епизода започна со веројатно најконтроверзното прашање во овој период Blizzard и однесувањето на компанијата откако еден учесник на турнир во Hearthstone проговори за кинеската опресија во Хонг-Конг. По ова следеше и реакција на дел од играчите на игри на Blizzard кои започнаа да ги бришат своите профили… Повеќе за целиот настан може да дознаете ако ја погледнете епизодата.
Секако ова е емисија за игри и гејминг и има повеќе кул игри и најави за игри: Fornite Season 11 Black Hole Event, Apex Season 3 – Meltdown; Star Wars – Fallen Order: JEDI – Cal’s Mission; Disco Elysium; Wounded и CEEGA, и The Surge 2. За крај има можност и да се запознаеме со повеќе за следната конзола од Sony, PlayStation 5.