2 коментари 1 мин. читање

GG.mk S01E35: Гостува најдобриот DotA 2 играч во цел свет!

Ако сте имале сомнежи дека македонските гејмери ги бива во игри, тогаш емисијата за игри GG.mk ви го претставува Мартин Саздов, познат како Saksa, кој го има најголемиот MMR (matchmaking rating) во целиот свет. Saksa е еден од најдобрите играчи во DotA 2 во светот, и тоа што е неверојатно е што има само 20 години. Тој започна да игра DotA на 14-години, и сега откако заврши средна школа најави дека ќе се фокусира на гејмингот. Сега заработува од бустање на профили на поголем рејтинг, а наскоро ќе почне да ги стрима неговите натпревари.

Погледнете ја емисијата и интервјуто со Saksa. Првиот дел од 35-тата епизода се осврнува на феноменалниот трејлер од новатa Doom која беше претставена на E3.

Disclaimer: IT.com.mk е медиумски партнер на GG.mk бидејќи веруваме дека гејмингот е добро хоби и одличен е-спорт.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top