0 коментари 1 мин. читање

Geometry Flyer e нова македонска игра за Android

Христијан Илиевски од Скопје е 21-годишен креатор на Geometry Flyer, игра за Android објавена под името Grandma’s Boy Games. Geometry Flyer е едноставна аркадна игра во која треба да ги избегнете сите пречки и да стигнете што е можно подалеку. Како играч имате само едно копче – да кликнете на екранот за топчето да оди нагоре и да остане во воздух, избегнувајќи ги сите други геометриски форми. Изгледа кул, иако е едноставна. Но, тоа што не ни се допадна е што играта бара премногу пермисии кога ја инсталирате, од локација до WiFi конекција, што не се потребни за играње. Христијан вели дека се обидува да го реши тој проблем со следната верзија. Играта е целосно бесплатна, без разлика што пишува дека има in-game купувања. И тоа ќе се среди во следната верзија, вели Христијан.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top