0 коментари 2 мин. читање 9 август, 2017

General Motors претстави електрично возило за 5.000 долари

Tesla можеби е компанијата поради која сите зборуваат за електрични возила, но General Motors е компанијaта која може да ги популаризира.

Компанијата во соработка со кинески партнери го претстави електричното возило со неинвентивно име E100. Дизајнот на возилото е на  SAIC-GM-Wuling во кој GM има 44% удел.  Цената по која ќе се продава возилото е 5.300 долари. Причина за ниската цена на возилото е и субвенцијата која ќе ја обезбеди Кина. За жал, лоша вест е дека барем засега E100 е достапен единствено во Кина.

Image courtesy of Car News China

Возилото е помалечко и помалку наликува на Smart. Максималната брзина на возилото е 100 km/h, а опсегот на возилото е околу 150 km со едно полнење. Моторот на Е100 е 39 коњски сили, јави Car News China. Возилото има простор за 2 патници и речиси нема простор за багаж, но токму поради ова цената е волку ниска.

Најголема предност на E100, секако не е убавината на возилото. Но, за 5.000 долари најверојатно ќе ги пронајде своите купувачи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top