Гејминг преку облак! PlayStation Now e иднината на видеоигрите

PlayStation Now е визијата на Sony за иднината на видеоигрите. Ова е прв пат да видиме конкретен план од Sony за понуда на гејминг преку облакот откако пред две години го купија Gaikai. Но, иако е револиционерна платформа, сепак Now ќе мора да се покаже првин со одржување на добра латенција, која зависи од интернет брзината на играчите, и ќе треба да ги намали цените на игрите.

„Доколку латенцијата е проблем тогаш Ninja Garden ќе беше доказ, станува збор за фенетична акција каде секое притискање на копчето прави разлика. Во канцеларијата (23,20 Mbps upload, 18,38Mbps download), латенцијата воопшто не беше проблем, не само што играта работеше туку и беше многу респонзивна. Снимените игри остануваат и откако ќе истече периодот во кој корисникот ја има изнајмено играта, а онлајн мултиплеер работи без проблеми“, велат од Verge – едни од првите кои имаа можност да ја тестираат платформата.

Платформата на корисниците ќе им овозможи изнајмување на игри за различен период од 4 часа до 90 дена. Платформата наликува на Netflix за видео игри, па корисницитре можат да разгледуваат по насловите пред конечно да се одлучат за играта која им се допаѓа. Со оглед на тоа дека станува збор за стриминг сервис, не изнененадува што минималниот опсег на интернет конекцијата е од 5 до 12 Mbps.

Се чини дека технологијата за стрим на игри е веќе достапна и можно е да се игра без никакви проблеми, овојпат проблемот настанува поради тоа што цените на стримот се превисоки. Најголема нелогичност и проблем кој во моментов го има PlayStation Now е цената на игрите. Изнајмување на игрите 90 дена е поскапо од купување на игрите од продавница, пример изнајмувањето на Final Fantasy XIII-2 за 90 дена е 30 долари, а во продавница играта чини 20 долари. Се чини дека дополнителен проблем би можеле да бидат и интернет провајдерите кои без сомневање ќе сакаат да ја префрлат оваа услуга на „брзите ленти“, доколку веќе PlayStation Now веќе не е на листата на приоритетизиран сообраќај.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk