Гејминг новости од минатата недела #62

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, шеесет и второ издание.

Ubisoft најави планови да ја зголеми цената на Rainbow Six Siege. За 20 долари повеќе, цената на основната верзија требаше да скокне на 60 долари, а играчите да добијат бонус козметички предмети и валута за купување оператори. На фановите никако не им се допадна иницијативата да се поскапува неколку години стара игра и од Ubisoft објаснија дека ја повлекуваат одлуката и дека цената на стандардната едиција ќе остане иста. Останатите едиции со новите цени ќе стапат на сила од 13.февруари.

Од студиото зад World of Goo доаѓа нова игра. 7 Billion Humans суптилно се надоврзува на хитот од 2015 година, Human Resource Machine, а ви дозволува да им наредувате на работниците така што ги третирате како променливи во уникатен програмски јазик. Датумот на излегување е непознат.

Rust ќе излезе од раниот пристап на 8.февруари, но работата на играта нема да застане тука. По пет години ран пристап, студиото објасни дека штом излезе првата стабилна верзија, идните надградби ќе се исфрлаат на неделно или месечно ниво, а оние кои сакаат да бидат во уште поголем тек, ќе имаат пристап до верзија која ќе има дневни надградби. Цената на играта исто така ќе скокне од 20 на 35 долари.

Pillars of Eternity 2: Deadfire ќе излзе на 3.април и по цена од 50 долари ќе ви дозволи да ја продолжите комплексната приказна во еден отворен свет кој значително се прилагодува на одлуките на играчите. Obsidian изданието чини 75 долари, но доаѓа со првите три додатоци за играта кои засебно ќе се продаваат по 10 долари.

Џон Сина би можел да се глуми во Duke Nuкem филм. Hollywood Reporter објаснува дека актерот Џон Сина е во преговори да се појави во DN филмот кој е во продукција на компанијата Platinum Dunes.

Seven: The Days Long Gone е изометрична RPG игра која се одликува со невообичаен борбен систем и прикрадување со parkour елементи. За да ја проверите играта, имате на располагање и демо, а, доколку побрзате и попуст од 30%. Играта доаѓа од студиото зад добро-познатата Kholat.

Far Cry 5 откри какво чудовиште од компјутер ќе ви е потребен за да уживате во отворениот свет на Монтана. За минимално искуство ќе ви биде потребен Intel Core i5-2400, GeForce GTX 670 и 8GB RAM, додека препорачаната конфигурациија бара Intel Core i7-4770, GeForce GTX 970, и 8GB RAM. За 4К блаженство, потребно е значително поголемо жртвување, но за тоа откако повеќе откако ќе излезе играта на 27.март.

Ghost Recon Wildlands добива кутии со плен. Со бесплатната надградба Extended Ops, играчите ќе добијат нов pvp режим за играње, нови мапи, но и Battle Crates каде за одредени пари добивате козметички работи во форма на епски и егзотични оружја, возила и облека. При отворање на кутиите, нема ризик да ви се дуплира некој од 200 предмети.

Bioware се наоѓа во незавидна ситуација. По неуспехот со Andromeda, тимовите максимално се имаат посветено на Anthem, како и на нова Dragon Age игра. Одредени вработени во Bioware признаа неделава дека цврство веруваат дека ако Anthem не помине добро, црно им се пишува. Од друга страна, се шепкаше и дека озбилно се размислува дали да се продолжи поддршката на Star Wars: The Old Republic. Anthem најверојатно нема да излезе се до првата половина на 2019 година.

Од друга страна, Total War: Warhammer 2 се поднови со бесплатен Skaven Tretch Craventail легендарен лорд, The Banner Saga 3 ќе излезе летово, но ветениот видео серијал започна. Civilization 6: Rise and Fall, пак, вети дека Robert the Bruce ќе гостува во експанзијата  и тоа на страна на Шкотска, а Attack on Titan 2 трејлер покажа дека колењето не е единствената добра работа во играта.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments