Гејминг новости од минатата недела #15

Кои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, петнаесетто и новогодишно издание.

На почетокот од новата година, решивме да ги наградиме нашите читатели не со една, не со шест туку со шестнаесет игри за Steam. Наградуваме со:

  • Postal 2,
  • Oniken,
  • GRAV,
  • BloodRayne Betrayal,
  • Resident Evil Revelations 2 – Episode 1:
  • Penal Colony,
  • Poker Night at the Inventory,
  • Freedom Force,
  • Puzzle Agent,
  • Penguins Arena: Sedna’s World,
  • Runestone Keeper,
  • Frederic: Resurrection of Music,
  • Sparkle 2: Evo,
  • Steel and Storm плус DLC,
  • Zack Zero,
  • Gun Moнkeys и
  • Fort Defense.
За да станете потенцијален добитник, сè што треба да направите е да го пронајдете овој пост на нашата Facebook страна и да оставите коментар. Најсреќните читатели ќе ги одбереме и наградиме по случаен избор и истите ќе добијат бесплатни клучеви за игрите! Изборот ќе биде направен во четврток попладне. 

Годината ја започнавме со интервју на едни од најпознатите гејмери во Македонија, секако после Saksa :D, дечките од GG.mk и MKD20, кои во нашиот серијал IT.mk/2017 ни одговорија на прашањата за тоа која е најдобрата игра во 2016-та според нив, а која им е најочекуваната во 2017-та.

Целото интервју може да го прочитате на следниов линк.

Postal, играта која во 1997-та година го шокира светот со невидено насилство, слави дваесетгодишнина така што го објави изворниот код за играта. Доколку сакате да ја проверите играта, инструкции за пристап до изворниот код имате тука! На 20 мај, 2016 излезе и Postal Redux, односно римејк на оригиналната игра. Таквото издание моментно се продава за 100 денари на Steam!

Samsung откри нов заоблен quantum dot монитор специјално осмислен за гејмери и дизајнери. CH711 e со резолуција 2,560 x 1,440 и 178 степени агол на видливост. Ваквите quantum dot монитори не страдаат од истите лаг проблеми, како што е случајот со OLED технологијата и, со самото тоа, се прикажуваат како посупериорна верзија за гејмерите. Повеќе информации за мониторот ќе бидат прикажани на CES 2017.

Final Fantasy 14 Stormblood, како втора експанзија за оваа игра, ќе излезе на 20 јуни годинава и ќе биде слична во големина и амбиции на првото проширување. Се очекуваат две класи, од кои првата е Red Mage. Тазе најавената класа автоматски ги започнува авантурите на левел 50. Проширувањето ќе се одликува и со нова рејд, зандани и примали, а ќе може и да се плива и нурка низ водените пространства на огромниот свет. Со излегувањето на проширувањето, авторите значително ќе ги подобрат борбите и системот за инвентар.

Windows 10 корисниците би можело да добијат системски режим за играње кој ќе овозможува ресурсите на компјутерот поефикасно да се користат за време на играње игра, со што значително би се подобриле перформансите при играњето. Ваквото нешто не е потврдено од Microsoft и е во фаза на шпекулации откако корисник наиде на DLL чија цел е воспоставување на ваков режим.

Dishonored 2, по неполни два месеци од излегувањето, конечно го доби посакуваното надополнување каде можете да започнете нова игра плус. Ваквиот мод ви дозволува одново да ја одиграте Dishonored 2, но со сите Bonecharm способности и руни кои ги имате собрано од првото играње на играта. Уште поважно, добивате пристап и до способностите на Корво и до способностите на Емили, независно од ликот со кој ја почнувате новата игра плус, со што, ќе се сложите, додатно се проширува лепезата од прикрадувачки и убиствени потези.

Blizzard слави 20 години од постоењето на Diablo на начин кој би требало да ги израдува сите фанови на нивни игри. Независно од тоа дали ќе ја играте Diablo III, Heroes of the Storm, Hearthstone, Overwatch, StarCraft II или World of Warcraft, авторите имаат подготвено интересни изненадувања во дигитална форма. За Diablo III се спрема ретро настан, за Heartstone ве чека мистериозен странец, во Overwatch ќе ги претставувате омилените Diablo III класи со соодветни икони, во Starcraft II добивате Diablo инспириран портрет, a во World of Warcraft играчите ќе се соочат со суштества од универзумот на Diablo. Настаните би требало да започнат од 31 декември.

Day of Infamy, познатата самостојна експанзија на FPS хитот од 2014 – insurgency, навлезе во бета верзија од нивниот ран пристап и може да се пофали со нови опции, статистички известувања и рангирања, нов систем за единици, воздушна поддршка, како и нови режими на играње, визуелни подобрувања, но и бројни исправки на багови. Авторите ја одбележуваат оваа пресвртница со следниот трејлер.

Crytek, како што ве известивме минатата недела, затвори пет студија, едното од нив со база во Бугарија. Но, челните лица од бугарското студио одбија да го прифатат поразот и веднаш основаа ново студио Black Sea Games. Зад студиото стои дел од истите луѓе кои беа дел од  Black Sea Studios, тим кој беше основан во 2001 и работеше на игрите Knights of Honor и Worldshift.

Enderal – Forgotten Stories е ново проширување за модот Enderal, кој е целосна конверзија на Skyrim. Експанзијата се очекува да излезе некогаш во 2017-та година и да понуди 10 до 20 часови приказна во сличен дух како основната игра и бројни квестови, оружја, оклопи и нови промени и проширувања на гејмплејот како скриени таленти, подобрени вештини за изработка и многу, многу повеќе!

Gigabyte подготвува две нови Brix конфигурации кои се сон за сите љубители на компактни 4К гејмерски компјутери. Првото чудовиште, GB-GZ1DTi7-1080-OK-GW, има Gigabyte GeForce GTX 1080 Gaming G1 графичка карта со 8GB GDDR5 меморија, но и Intel Core i7-6700K процесор во комбинација со 32GB DDR4 RAM, како и експлозивен коктел од 240GB M.2 SSD заедно со 1TB HDD за складирање на сите дигитални добра. Втората конфигурации го содржи истиот хардвер, но со GeForce GTX 1070 Gaming G1 графичка карта и двојно помалку простор од 16GB. Цената и датумот на излегување се непознати.

 

Среќни празници!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk