0 коментари 2 мин. читање 4 јуни, 2020

Гејмај и не ги мрси прстите: Квики организира голем гејминг настан со јутјуберот Steffonator

Дали е возможно да грицкаш, а воедно да не си ги мрсиш прстите додека играш видео игра?

Тајната ќе ви ја открие познатиот јутјубер Steffonator кој заедно со КВИКИ најавуваат супер забава за сите големи и мали љубители на видео игри.

Од 22 до 28 јуни 2020 година на официјалниот јутјуб канал на Steffonator ќе се одржи првиот гејминг настан, насловен како КВИКИ – ГЕЈМАЈ И НЕ ГИ МРСИ ПРСТИТЕ наменет за сите гејмери кои ќе можат да си ги одмерат силите против Steffonator во Fortnite, видео – играта која минатата година ја освои престижната титула Ultimate Game Of The Year. Официјални грицки за време на настанот се секако Квики, најкрцкавите и највскусните переци, солени стапчиња, рипчиња и гриц кои на воодушевување на сите, не ги мрсат прстите додека се играат видео игри.

Наградниот фонд за гејминг настанот е во висина од околу 35.000 денари, односно прва награда 15.000 денари, втора награда 9.000 денари, трета награда 6.000 денари и 10 Квики пакет производи.

Повеќе информации околу начинот на пријавување, правилата за учество и начинот на бодување ќе можете да прочитате на фан страната на Квики Македонија на Фејсбук – www.facebook.com/Kviki-Makedonija

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top