GeForce Now нуду феноменални можности за стриминг на игри на какви било телефони, таблети или стари компјутери. Од нашите тестирања заклучувме дека, кога се работи за играње на облак, нема подобра алтернатива од GeForce Now.
Но, за уживање во вакви предности, потребен ви е не само брз и стабилен интернет, туку и огромен избор на игри. Во поглед на понудата на игри, GeForce Now нѝ личи како неуморно да вложува напори за еден чекор напред и три чекори назад. Претпоставуваме дека знаете за тоа дека 2К, Activision, и Bethesda, целосно ги повлекоа нивните игри. Некако знаевме дека тука нема да застанат работите и, од 24 април се очекува целосно повлекување на сите игри и од Warner Bros., Xbox Game Studios, Codemasters и Klei. Штета е што се губат толку многу игри, но, од друга страна, произведувачот на графичките картички најави дека на стриминг услугата ќе се отворат портите за игри од Bandai Namco, Bungie, Epic Games и Ubisoft.
Интересно е тоа што некои издавачи не ја гледаат предноста на GeForce Now. Некои други, пак, со задоволство ја прифаќаат услугата. Но, останува фактот дека оние кои се претплатени на услугата, не можат целосно да уживаат во сите нивни игри. Се чини дека ваквата поделба помеѓу издавачите допрва ќе станува поизразена.
Скоро три месеци како сме Founders членови и таман кога помисливме дали да продолжиме со претплатата добивме и-мејл од Nvidia објаснувајќи како нѝ го продолжуваат бесплатниот пробен период до јуни. Очигледно е дека Nvidia е свесна за раздорот и дека од петни жили се труди корисниците да бидат задоволни.