Според најновите гласини, Valve се има изјаснето до сите Steamworks девелопери дека нивната голема распродажба започнува од 22.јуни и трае сè до 5.јули. Останатите продавници, пак, се трудат да го привлечат вниманието на купувачите и со нивни подеднакво привлечни зделки на игри, пред и по Steam распродажбата. Па така, GOG го започна првиот бран од распродажби, а транзицијата од таквиот подвиг ја одвлечка во дворот на GamersGate.
Продавницата зад која стојат издавачите Paradox е во фаза на распродажба на бројни игри со исклучително длабоки попусти. За детален увид во сите понуди, кликнете на копчето offers и подредете ги насловите според најдобра цена/ попуст или популарност.

Во случај да не ви се допаѓаат моментните понуди, од кои би ги истакнале најпопуларните серијали на Ubisoft, GamersGate ветуваат многу нови на секои три-четири дена, така да дефинитивно навраќајте од време на време.
Со секоја купена игра, добивате одреден процент плави парички – дигитална валута на GamersGate со која можете да купувате други игри. Плави парички добивате и со оценување игра, пишување рецензија или одговарање на прашање во нивниот оддел Game Tutor. Разбирливо, на ваков начин не добивате многу парички, но по извесно време количината се зголемува и со мало влијание можете да си „купите“ игра. Исто така, продавницата моментно ужива промоција со која ви дозволува дополнителни попусти до 15% доколку ги купувате игрите со Razer zGold!

Распродажбата напаѓа денес, од 19:00 часот!