0 коментари 1 мин. читање

G.Skill претстави 128GB DDR4 РАМ од 3.000 мегахерци

Тајванскиот производител на меморија и гејминг хардвер, G.Skill, ја презентираше Ripjaws V серијата на DDR 4 RAM со работна фреквенција од 3.000MHz. Новиот RAM е без конкуренција во моментов. Меморијата доаѓа во сет од 8 стика од 16 GB RAM или 128GB, што најверојатно е премногу за најголем дел од корисниците. Дополнително без сомневање и цената ќе биде премногу за корисниците. Засега Ripjaws V нема официјална вест за цената, но со оглед на тоа дека најдобриот модел досега чинеше 800 долари, тешко е веројатно дека ќе биде поевтин.

Времето на доцнење на меморијата е ултра ниско, вели PC World, а меморијата е пред се наменета за корисниците на четири каналните Х99 матични плочи, со поддршка за Haswell E Extreme Edition. Надвор од видеоигрите, Ripjaws V ќе биде корисна за 3Д рендерирање и за најразлични научни пресметки, како и останати професионални апликации, велат од G. Skill.

3000C14128GB

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top