0 коментари 1 мин. читање 30 август, 2011

Foodily стартува вкусна Facebook апликација

Вкусниот пребарувач Foodily претстави апликација со која ги донесе сите рецепти на Facebook со што се овозможи и полесно споделување на сите вкусни нешта што Foodily ги собира од разните сајтови.

Foodily и претходно имаше Facebook интеграција, односно можност да се логирате со профилот на сајтот, со што мжете да споделите некој вкусен рецепт, но и да си направите листа на јадења кои ви се допаѓаат. А сега, со апликацијата, Foodily ви ги листа сите „идеи за рецепти“ споделени од Facebook пријателите.

„Луѓето веќе споделуваат рецепти, идеи за рецепти, и коментари за тоа што го јадат. На овој начин рецептите нема да ги снема во [Facebook] ѕидот.“, вели ко-основачот на Foodily, Андреа Кутрајт, за Mashable.

Foodily from Foodily on Vimeo.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top