0 коментари 2 мин. читање 11 март, 2020

Foldit е игра која би можела да помогне да се создаде вакцина против коронавирусот

Foldit е игра која е дизајнирана од истражувачи од универзитетот од Вашингтон. Замислена е да нуди комплицирани загатки со синџири од протеини и нивно манипулирање во најразлични облици. Како резултат од таквата интеракција, се добива подобра слика за тоа како протеините функционираат.

Најкорисните решенија ќе бидат тестирани и проверени во вистинскиот свет за да се види дали можат да допринесат кон изнаоѓање вакцина. Заедницата зад оваа игра е исклучително голема и брои над 200 000 играчи кои често стапуваат во заеднички дискусии и соработуваат кон изнаоѓање најефикасни дизајни.

Foldit може да се игра од кого било. Има два режими на тежина. Полесниот режим се состои во манипулирање со веќе-постоечки протеини за да се изнајде нов облик кој би можел да ги блокира ефектите на коронавирусот. Потешкиот режим бара од играчите да го дизајнираат таквиот протеин од нула.

Интересно е тоа што Foldit е стара игра која датира уште од 2008 година. Тогаш, примарната цел на играта била да се изнајде лек за сида или алцхајмер, но со алармантното ширее на коронавирусот низ 50 земји и само за неколку месеци, истражувачите решиле да ги прошират можностите и да се фокусираат на новата закана.

Инаку, Foldit е дел од нова гранка на наука која се вика граѓанска наука и се состои од користење работна сила на масовно ниво за да се решат исклучително комплицирани проблеми.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top