0 коментари 2 мин. читање

Folding@home проектот е 15 пати побрз од најбрзиот суперкомпјутер

И покрај фактот што постојат навистина импресивни суперкомпјутери, во моментов најбрзата опција е Folding@home проектот. Истиот наместо да има хардвер на едно место, го користи хардверот кој го даваат на располагање корисници ширум светот.

Folding@home е всушност проект кој своите почетоци ги гледа на универзитетот Стенфорд во 2000 година. Неговиот креатор, професорот Vijay S. Pande, останал раководител до 2019 година. Во моментов, проектот е под раководството на Dr. Greg Bowman, кој е поранешен студент на Dr. Pande.

Овој проект е најпознат по тоа што својата моќ ја користи за борба против болести како што е Алцхајмер, и во последниов период, коронавирусот COVID-19. Борбата со ваквите болести често диктира различни методи на проучување, а ваквите суперкомпјутери се користат за моделирање на протеини кои се поврзани со болеста. Ваквите протеини цело време се движат и формираат енормен број на форми и големини кои треба да се проучат со цел побрзо да се направат антитела кои би се бореле со вирусот.

Она што е интересно е што моќта на проектот рапидно порасна откако истиот се посвети на коронавирусот. На 23 март, целата процесирачка моќ на Folding@home беше 470 petaFLOPS, што е повеќе од седумте најмоќни суперкомпјутери на светот. На 13 април, бројката се зголеми до 2.4 exaFLOPS, што е повеќе од заедничката моќ на најмоќните 500 суперкомпјутери во светот во моментов. Истата е 15 пати побрза од најбрзиот суперкомпјутер во моментов, IBM Summit, кој користи преку 1,000 графички картички во исто време. Скокот од околу 2,000 petaFLOPS во период од неколку седмици е навистина импресивен, посебно ако се земе во обзир дека се користи секојдневен хардвер кој корисниците го даваат на располагање.

Напишано од

Андреј зад себе има шест годишна кариера како фриленсер. Ентузијаст за технологија и се што ја опкружува, слободното време го користи за гејминг или планински велосипедизам.

Мени
Заедница
Изглед
To top