Firefox додаток за проверка на правопис на македонски јазик

5 коментари 1 мин. читање

Откако ќе го инсталирате додатокот ќе ви ги подвлече со црвен зборовите за кои мисли дека треба да се поправат, потоа со десното копче на глувчето ви се отвара мени со зборови, како што можете да видите погоре на сликата.

Одредени зборови ги нема во речникот, пример веб термини, па сугерира други не поврзани зборови. Сепак… додатокот е одличен за промовирање на македонскиот правопис како и за поправање на грешките дали поради лошо изговарање или печатни грешки. Firefox додатокот функционира и во македонската верзија на Firefox. Дамјан во коментар посочи дека македонската верзија си има проверка на правопис.

(via коментарот на tintin)

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед