0 коментари 2 мин. читање 17 јули, 2014

FBI се плаши дека автономните возила ќе се користат како бомби

Федералното истражно биро на САД (FBI) е загрижено дека автономните автомобили би можеле да се користат за бомбашки напади. Документи на FBI до кои дојде Guardian покажуваат дека агенцијата сериозно разгледува неколку „кошмарни“ сценарија.

Автомобилите кои самите би се возеле дополнително би можеле да и ја отежнат работата на полицијата, бидејќи криминалците би можеле безбедно да пукаат во полицијата, а автомобилот безбедно да ги вози во бегство. Ова се разбира e сценарио доколку криминалците успеат да го хакираат возилот да не застанува на семафори, инаку планот за бегство би можел да заврши на првата раскрсница. FBI најмногу стравува од опасноста автономните возила да се искористат како автомобили бомби, на што се гледа и како најголем предизвик.

Сепак не е се лошо, Федералното биро предвидува дека целосно автономните возила ќе овозможат сообраќајот да се одвива значително побезбедно отколку денес. Дополнително автономните возила ќе овозможат брзата помош или пожарникарите побрзо и побезбедно да стигнат до местатото на несреќата.

[youtube]CqSDWoAhvLU[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top