Chrome за Windows ја цеди батеријата на лаптопите

Windows корисниците на Google Chrome прелистувачот можеби го малтретираат својот лаптоп компјутер, така што значително го кратат траењето на батеријата, јави Forbes. Проблемот е поради „system clock tick rate“ кој на Windows е наместен на 15,625ms, а Chrome пак го мести ова време на 1ms. Ова значи дека во нормални услови процесорот „се буди“ и ги проверува и променува состојбите 64 пати во секунда, а по стартувањето на Chrome процесорот го прави истото 1.000 пати во секунда.

Проблемите всушност не ги предизвикува Chrome, туку недоволната контрола која ја има над „system clock tick rate“. Во случај на отворање на страна со Chrome clock tick rate се сетира од 15,625 на 1 ms, но никогаш не се враќа назад. На Internet Explorer оваа постапка е малку посложена и часовникот се менува единствен кога е во прашање видео содржина. Најпрво кога корисникот отвора веб страна со флеш видео, clock tick rate се сетира на 10 ms, при отворањето на видеото часовникот повторно се намалува на 1 ms, но по прекинот на видеото се враќа на 10 ms. По затворање на страната со flash содржина часовникот се враќа на 15,625ms.

Според Microsoft ова може да предизвика зголемување на побарувањето на енергија до 25 отсто, што за десктоп претставува само зголемено користење на електрична енергија, но за лаптоп компјутерите на батерија значи дека помалку ќе го користите. Проблемот се јавува единствено каj Windows оперативниот систем, бидејќи OS X и Linux користат „tickless“-тајмери. На Windows пак овие проблеми ги предизвикува единствено Chrome, a Internet Explorer и Firefox не покажуваат ваков проблем. Проблемот не е нов, а поплаките на chromium.org се стари речиси две години.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments