FBI користи флота од летала за да ги набљудува граѓаните

0 коментари 1 мин. читање

Американското Федерално истражно биро (FBI) користи флота на летала за следење на протестите во Балтимор. Според Gizmodo, FBI користи авиони со години, но новите модификации овозможуваат следење и на недолжни граѓани.

„Во неодманешните протести FBI испрати летала како поддршка на полицијата во Балтимор за фотографирање од воздух и детектирање на можен криминач. Не сме тука да ги следиме совесните граѓани и секоја воздушна поддршка од FBI мора да добие поддршка од властите“, вели портпаролот на FBI за Ars Technica.

Проблемот се јавува поради нејасните правила и начин на користење на набљудување од воздух, но можеби поголем проблем е што дел овие авиони доаѓаат од приватни контрактори како NG Research. Вториот забележан авион летал без ознаки што значи дека не е евидентиран од Федералната комисија за авијација. Леталата се идентификувани со помош на Flightradar24. Леталата се најверојатно опремени со инфрацрвени и електро-оптички сенори од WESCAM, вели Ars Technica. Двата забележани авиони се од типот Cessna едниот 182Т, а другиот 560 Citation C.

„Тоа што во било кој момент владин контрактор има преглед до слики – блок по блок од целиот град е навистина загрижувачки.“, вели Пит Цимболик член на Американска организација за граѓански слободи ACLU за Washington Post.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед