Мислите дека Google знае премногу за вас? Промените во Facebook и можноста за проверка на вашите интереси ќе ви овозможат да ѕирнете што знае и Facebook за вас.
Во зависност од активностите на Facebook може да видите што сè социјалната мрежа користи кога ви презентира реклами. Од „весниците“ кои ги читате, сериите кои ги гледате, игрите кои ги играте, па сè до политичката определба.
Од една страна, сите овие податоци му помагаат на Facebook и на бизнисите полесно да ве таргетираат и да ви прикажат порелевантни податоци, а од друга, многу луѓе ќе се подразмислат за оваа колекција на податоци и за нивната приватност.
Во САД претседателската кампања е во полн ек, па Facebook нема недостиг на податоци за да се обиде да ја погоди определбата на корисниците. Неодамна New York Times објави дека во САД социјалната мрежа определува дали корисниците се либерали, конзервативци и центар и врз основа на ова им прикажува реклами.
За среќа, отстранувањето е полесно и од пронаоѓањето на „preferences“. Ако не ви се допаѓа што некој интерес се користи за реклами може и треба да ги избриштете.