0 коментари 2 мин. читање 5 август, 2010

Facebook воведе креирање на реклами со еден клик

Со внесување на URL-то ќе можете да си направите и инстант реклама за вашиот Facebook профил или фан страна. Постои и I want to advertise something I have on Facebook опција која ви ги вади сликите и насловот од фан страните на мрежата на кои сте администратор, но за тие реклами е потребно сами да си внесете текстот.

По Continue ја одбирате таргет групата: локацијата, демографијата, интересите итн итн.

Facebook рекламите се одлично нешто за секој поголем и локален, помал бизнис да се рекламира на таргетирана група или пак да ја дистрибуира рекламата на 725.000 македонски корисници кои се постојано закачени на друштвената мрежа.

Toкму лесното таргетирање ги натера најголемите рекламни агенции да си го зголемат Facebook буџетот за 10 пати во последната година , пишува Bloomberg.

„Пред две години големите брендови експериментираа со нас. Тие купуваа кај нас пред година дена. Сега одат на големо.“ вели Шерил Сандбер, главната за операции во Facebook.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top