Facebook стартуваше lite верзија, налик на Twitter

во Веб

{mosimage}Facebook изработува Lite верзија од својата друштвена мрежа, верзија дизајнирана за деловите од светот каде се уште нема широкопојасен интернет или каде тој интернет е спор. Facebook Lite e поедноставена верзија на друштвената мрежа, со поголем фокус на текст, отколку на сликите и видеата, бидејќи што повеќе видеа и слики толку поспоро ќе се отвара текстот. Lite е одлична верзија на мрежата за друштвените мрежи.

Погледнете ја сликата од Facebook Lite, која се појави на Hacker News форумот.

{mosimage}

Facebook изјави за TechCrunch дека не се работи за ривалство со Twitter туку за поедноставна верзија на мрежата со цел да се овозможи подобро искуство на корисниците со спор интернет, како и изработка на мобилна верзија на сајтот.

Да, Lite верзијата е за мобилни и за спор интернет, но, од друга страна сличноста со Тwitter е огромна. Зарем повеќе внимание на пораките од корисниците не е токму тоа што не привлече кон друштвените мрежи? Растот на Тwitter се должи токму на фокусот е на пораките и споделените информации.

Зарем за џабе Facebook го купи FriendFeed? FriendFeed исто така беше фокусиран на пораките и линковите, a не на квизови како Facebook, кои можат да се скријат на news feed на Facebook, но секој поединечен квиз, а не сите! Зарем Facebook со FriendFeed нема да се обиде да стане поатрактивно место и да им обезбеди подобра комуникација и поедноставна навигација меѓу информациите со пребарувањето во реално време на 250 милиони корисници?

Покрај тоа Тwitter привлекува со едноставноста, што воопшто не е лоша работа. Земете го примерот на Google. Покрај дизајнот, едноставноста допринесуваа и за брзината на сајтот, со тоа и побрза комуникација.

Суштинската разлика сепак постои, коментира zackham, корисник на Hacker News.

„Facebook e за комуникација со луѓето кои ги знаете, а Twitter е за објавување. Тоа е разликата зошто познатите, новинските агенции, политичките партии, блогерите, итн., го користат Twitter, а не Facebook.“ вели тој, кој објаснува дека и приватноста има голема улога во разликата меѓу друштвените мрежи.

Имено Twitter е отворен за јавноста. Facebook, пак, е затворена мрежа со опции на криење на информации и заштита на приватноста.
Но, имањето 200-300 пријатели воопшто не ја прави и приватна, нели?

„Од друга страна, што е поентата на споделувањето и повржувањето ако се што споделувате е тајно и приватно?“ пишува корисникот madh на Hacker News.

Lite ќе остане верзија за мобилни и за корисниците со спор интернет. Но, со ИТ инжинерите од FriendFeed во своите табори би било добро Facebook да овозможи верзија на сајтот фокусирана на информациите. Јас дефинитивно би ја користел таа верзија поради едноставност, и пред се бидејќи не ме интересираат квизовите, туку информациите.

Што мислите вие? Дали би користеле Facebook со сличен на Lite дизајн или ви се допаѓа како што е? Дали оваа верзија има потенцијал да стане попопуларна од сегашната?



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments