Facebook со нов изглед!?

во Свет

{mosimage}Друштвената мрежа Facebook.com денеска
ќе
го објави редизајнот на својот сајт откако не успеа да го стори тоа на предвидениот датум – 16 јули. Според она што засега може да се види на тест страната, редизајнот ќе донесе едноставност и поголема прегледност, што значи дека најпопуларната друштвена мрежа и целосно ќе биде прилагодена на веб 2.0 трендот.

Компанија го најави редизајнот и започна со работата уште во пролет, притоа дозволувајќи им на создавачите на апликации посебен пристап
до кодот на подобрениот сајт со цел да ги прилагодат своите апликации.

Новиот изглед носи поголем број на промени, најкарактеристична од нив се вградените табови за подобра и полесна навигација кои несомнено ќе ја намалат должината на корисничките профили, кои во многу случаи до сега, заради додадени преголем број на апликации знаеше да биде проблематична.

Редизајнот кој ја задржува карактеристичната плава боја и претпознатливиот стил ќе биде во првична бета фаза, а за време на и по неговата имплементација од компанијата очекуваат поголем број на мали проблеми за кои ветуваат дека ќе бидат разрешени во најкраток можен рок. Исто така најавена е и можна недостапност на сајтот во одредени периоди.

{mosimage}

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments