0 коментари 2 мин. читање 22 јуни, 2018

Facebook сега и со Instagram сака да му конкурира на YouTube

Популараната платформа за споделување на слики, Instagram, додаде нова функционалност за споделување на подолги видеа. Досега лимитот на видеото беше 1 минута, но по промените корисниците можат да снимат и видео со должина од 10 минути до 60 минути.

Најверојатно целта е да се освои дел од популацијата и корисниците кои креираат содржини. Facebook можеби и нема недостаток на содржина, но има проблем со задржување на помладите генерации. Со помош на куси видеа на Instagram корисниците ќе можат да дојдат и да се задржат на платформата.

За оваа функциналност Instagram претстави и нова апликација- IGTV. Видеата ќе може да бидат долги и до 60 минути, иако според најавата ова најверојатно ќе биде за попопуларните канали. За среќа сите кои сакаат да креираат видео содржина ќе можат и нема да биде потребно да имате супер популарен канал. Што секако нема да помогне да пронајдете квалитетна содржина, и може дополнително да ја оптовари платформата.

Facebook во својот обид да „завладее“ со видео платформите позајмуваше од сите. Платформата начесто без срам го копираше Snapchat, а функционалностите често беа бутани кај се стигне. Така кусите видеа Moments, беа дел и од Instagram, но и од Messenger.

Instagram има 1 милијарда корисници, а Facebook се надева дека платформата ќе им помогне да задржат дел од тинејџерите.

Секако изгледа неверојатно дека голем дел од популарните YouTube ѕвезди ќе се префрлат на нова платформа која дури и не нуди можност за заработка. Успехот на платформата зависи исклучиво од интересните содржини, па Facebook мора да пронајде начин да привлече повеќе креатори на содржина.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top