Facebook Messenger сега може да препознава лица на фотографиите, благодарение на опција која мрежата ја нарече „photo magic“. Идејата е да се автоматизира споделувањето фотографии, така што алгортмот кога ќе препозне некое лице на сликите, ќе ве извести дека имате фотографии во кои може да ги тагирате пријателите.
Но, не сите се воодушевени од „магијата“. Шансите се мали оваа функционалност да биде воведена во Европската унија која води војна со Facebook околу приватноста на корисниците. Photo magic работи така што му дозволува на Messenger да има пристап до фотографиите на телефонот и да ги анализира фотографиите за лица кои можеби ќе ги препознае. Facebook вели дека Photo magic е „опција“ која може корисникот да ја вклучи и исклучи по желба, но иако тоа звучи безбедно, не бидете наивни да верувате на вакви ветувањa. Вие може да го контролирате пристапот до вашите фотографии, но што ако вашите пријатели му дозволат на Facebook да анализира фотографии на кои сте и вие?
Амбицијата на Facebook e да знае се за вас. Тоа е моментално најголемата кавга помеѓу друштвената мрежа и Европската унија која сака да постави граница и да ги заштити корисниците. Пример за постојаните проблеми што ги наведува Комисијата за приватност, лоцирана во Белгија, е проблемот секојпат кога корисникот ќе притисни на Like копче на некој сајт, да биде следен. Facebook ги следи и корисниците кои немаат профили на друштвената мрежа, што беше категорично забрането од комисијата.
Проблемот е најден во контроверзно „datr“ колаче за следење кое се инсталира преку Like копчињата. Белгискиот суд побара итно отстранување на копчето во рок од 48, по што Facebook ќе плаќа пенали – 250.000 евра дневно. Но, Facebook одговари дека основна функција на „datr“ колачето е да биде безбедносна алатка. Нивниот безбедносен тим вели дека го користат ова веб колаче веќе пет години за да спречат креирање на лажни спам-профили, намалување на ризикот од преземање на профилите, заштита од крадење на содржини и спречување на DDoS напади. Иако објаснувањето за зголемување на безбедноста звучи добро, белгиските експерти не се убедени во ова и тврдат дека постојат далеку помалку интрузивни начини за поголема безбедност, вели ВВС.
[…] приватноста на корисниците. Доколку му дозволите, Photo Magic ќе може да ги скенира сите фотографии кои ги имате во […]