0 коментари 1 мин. читање

Facebook размислува да го замени Like со Sympathize во зависност од контекстот на пораката

Според Facebook копчето „ми се допаѓа“ не е најсоодветен начин за споделување на постовите на друштвените мрежи. Затоа компанијата најави дека во блиска иднина е можна промена на „ми се допаѓа“ копчето со ново „сочувствува“ копче.

Копчето ќе доаѓа како заменa за „Like“ во зависност од расположението кое го избрал корисникот, па така ако корисникот одбрал дека е „тажен“, тогаш наместо „Like“ функцијата станува „Sympathize“, вели Ден Муриело за Huffington Post. Вака на тажни вести нема да се случува да имате пораки „на петмина им се допаѓа ова“, туку „петмина сочувствуваат со ова“. Покрај ова промената на статусот од „мажена/женет“ во „разведен/разведена“ исто така ќе ја активира можноста за сочувство на друштвените мрежи.

Идејата и основната модификација на „Sympathize“ копчето доаѓат од Facebook хакатонот кој често пати е извор на добри идеи за компанијата. Timeline и „ми се допаѓа“ копчето исто така се продукти на еден од Facebook-овите хакатони.

„Некои од нашите најдобри идеи доаѓаат од хакатоните и многу од идеите кои вообичаено не ги имплементираме ни помагаат да размислуваме поинаку за тоа како може да ги подобриме нашите услуги“, вели портпаролот на социјалната мрежа.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top