Facebook работи на посебна апликација за споделување на локацијата, налик на Foursquеre. Друштвената мрежа до сега имаше неколку обиди да ги убеди кориснциите да споделуваат локација, пример Facebook Places и Nearby, но тоа беше интергирано во нивната мобилна апликација. Новата ќе биде самостојна, и ќе помага полесно да се следи движењето на пријателите.
Тимот што ја гради апликацијата се дечките од Glancee и Gowalla, два локациски сервиси кои ги купи Facebook, пишува Bloomberg. Toa што ќе биде поразлично во оваа локациска апликација на Facebook од останатите конкурентни, пред се Foursquare, е што ќе ја споделува локацијата на корисникот без корисникот сам да се чекира.
Facebook сака да ја претстави апликацијата во март и да започне да објавува реклами кои ќе таргетираат според местата каде се движат корисниците и според нивните навики. Целиот концепт за апликацијата звучи како Facebook да се обидува да најде легален начин да го следи секој чекор на милијардата корисници. Ова може да биде сериозен проблем за приватноста, иако апликацијата може да се ограничи со кои пријатели да ја споделува локацијата. Бидејќи ќе биде самостојна апликација, на корисниците нема да им биде наметната и ќе можат да ја избегнат ако не сакаат да ја користат.