0 коментари 2 мин. читање 4 ноември, 2015

Facebook работи на алгоритам кој преведува фотографиите во зборови

Facebook работи на вештачка интелигенција која ќе знае точно што има на вашите фотографии. Алгоритмот е дизајниран подобро да разбере што има на сликите, и благодарение на анализата и препознавање на облеката која ја носите, алгоритмот може да препознае и ако сте свретени со грб.

Новиот систем за кој Мајк Шруфер зборуваше на Web Summit овозможува системот да препознава предмети кои се прикажани на сликата, но и нивно разделување и креирање на наслов прилагоден на сликата. Така технологијата од слика на момче со скејтборд, препозна „скејтборд, човек и рампа,“ и ја нарече „Човек на скејтборд на рампа“.

Во моментов компанијата не ја користи технологијата, туку работи на нејзино усовршување за да во би можела во иднина да ја додаде на останатите сервиси. Една од можните примени е користење на технологијата за корисниците со попречен вид. Најверојатно поголем дел од вас сепак помисли дека Facebook сепак ќе ја користи технологијата за да ви презентира поинтересни реклами.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top