0 коментари 2 мин. читање 13 март, 2013

Facebook претстави „подобрен“ Timeline

Facebook стартува „подобрен“ Timeline со поистакнати трети апликации кои ги октриваат омилените книги, филмови и музика на корисниците. Целта е да се истакне содржината која 1) ќе предизвика дискусија меѓу корисниците; 2) ќе ги поврзе и ќе ја зголеми интеракцијата меѓу брендовите и фановите; 3) ќе го зголеми користењето на трети апликации за содржина и 4) компаниите ќе можат да таргетираат реклами или да закупат простор покрај апликациите, што ќе му донесе на Facebook пари за да ги задоволи инвеститорите кои очекуваат многу повеќе од мрежата.

За корисниците оваа промена е добра бидејќи им дава повеќе работи да си ги организираат. Целта, нели, на Timeline е да се креира личната приказна, а таа не би можела да постои без инспиративните книги, филмови и музика. Апликациите со оваа содржина ќе бидат поделени во секции „слушнал“, „прочитал“, „гледал“ и секако „лајкувал“.

Сите апликации кои ќе бидат прикажани од левата страна на профилот ќе можат да бидат тргнати преку Activity Log.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top