Најголемата друштвена мрежа претстави алатки кои на непрофитните организации ќе им овозможат да собираат средства за своите кампањи. Сите кои сакаат да ја поддржат кампањата ќе можат тоа да го направат директно на Facebook, без да ја напуштаат страницата. Facebook тестира опции за донации од 2013 година, а започнаа со проекти предизвикани од природни катастрофи, како катастрофалниот земјотрес во Непал. Новите алатки би можеле да помогнат токму на ова пoле, смета Facebook.
Сепак, Facebook иако е фокусиран на непрофитните организaции, во иднина би можел да претставува сериозен конкурент на Kickstarter и Indiegogo, смета Џош Констин од TechCrunch. Иако Facebook се фокусира на непрофитниот дел, алатките сепак се достапни. Најголемата предност која Facebook ја има во однос на потенцијалните краудфандинг конкуренти е големината на мрежата. Facebook има над 1 милијарди корисници кои меѓу себе се поврзани преку пријателите. Бројот на корисниците до кои може да се обратат кампањите секако е предност, а и директното споделувaње на донациите ќе биде одлична можност за ширење на кампањата.
Fundraiser ќе биде достапен на мобилната и десктоп верзијата на апликацијата, а освен донациите директно на страната ќе може да се донира и на постовите кои ќе бидат споделувани.








