0 коментари 2 мин. читање 8 декември, 2009

Facebook корисниците лесно споделуваат лични податоци

{mosimage} Истражувањето на безбедносната фирма, Sophos, откри интересна навика на корисниците на Facebook. Во потрага на повеќе пријатели, корисниците на друштвената мрежа ќе прифатат да бидат пријатели со непознати лица и се спремни со нив да споделат лични информации.

За своето истражување Sophos отвори два лажни профила. Првиот на 21-годишната Дејзи Фелетин(осамена),
а вториот лажен профил е на 56-годишната Динет Стонили(оженета). Компанијата користи едноставен трик – слатки профил слики. Сликите на двата профили се слатко жолто пиле, односно маченце.

Тоа што зачудува е што од 100 рандом изберени луѓе на Facebook, дури 81 отсто го дале точниот датум на раѓање на пилето Дејзи, а 57 отсто го дале роденденот на мачето Динет.

Уште поинтересно, сите го дале својот имејл на пилето Дејзи, а 88 отсто го дале својот имејл на мачето Динет. 50 отсто од одбраните луѓе го кажале местото на живеење, а 23 отсто
од нив го дале телефонскиот број на мачето Динет.

Еве неколку совети од Sophos:

  • Не прифаќајте непознати лица за пријатели. Тебе не ти треба, ниту можеш да имаш 932 вистински пријатели.
  • Научи ги опциите за приватност на мрежата.
  • Претпостави дека секоја информација на дружтвената мрежа може да се види од секој на интернет. Само еднаш да биде пребарана, индексирана, и зачувана на интернет, е доволно таа да се појави онлајн без врска колку и да се трудите таа да биде избришана.



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top