0 коментари 2 мин. читање 13 јуни, 2016

Facebook ќе ги принуди корисниците да инсталираaт Moments

Можеби е престрого доколу кажеме дека Facebook продолжува да се однесува како насилник, но социјалната мрежа еднаш нѐ принуди да го користиме Messenger, и сега ќе се обиде да го наметне и Moments.

Најверојатно ова се најлоши вести за корисниците кои ја користат социјалната мрежа за синхронизација и бекап на своите фотографии. Пред да ги избрише фотографиите пред 7 јули, социјалната мрежа започна со испраќање на известување до своите корисници во кои ги предупредува дека ако не ја инсталираат Moments ќе ги загубат сликите, јави TechCrunch.

Пред да започнете со паника, македонските корисници немаат никаква причина за грижа, функционалноста за синхронизација не е достапна во Македонија, па со оглед на тоа дека немаме слики, нема ни што да ни биде избришано.

Но, поголем проблем е што најголемата социјална мрежа по втор пат ќе се обиде да им наметне на корисниците инсталирање на апликација која можеби и не ја сакаат. Можеби основачот на Pirate Bay, Питер Сунде, на ова мислеше кога пред некое време ја обвини социјалната мрежа за диктаторство.

moments-cartoons

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top