0 коментари 2 мин. читање 26 декември, 2011

Facebook ќе ви кажува на кои настани сакате да одите

Нова Facebook опција ќе ви предложува кои настани да ги посетите според локација и музика која ви се допаѓа. Опцијата сè уште се тестира, но некои корисници доколку кликнат на Events ќе можат да видат кои настани им ги сугерира Facebook.

Suggestive Events ќе следи неколку фактори. Наместо да се листаат само тие настани на кои одат вашите пријатели сега со Suggested Events ќе се сугерираат настани и според чекирањата преку Facebook Places, според местата на кои сте кликнале Like, и дури според музиката која ја слушате, односно сте кликнале Like.

Предложените настани најмногу ќе им се допаднат на корисниците кои споделуваат локација преку Places. Ова сигурно ќе помогне да се користи повеќе локацискиот сервис, но се зависи од колку се корисниците расположени да споделат на кои места излегуваат. Доколку не се чекирате преку Places, од тоа што можев да видам на мојот профил, Facebook повторно ќе ги користи пријателите како најважен критериум за предложување место за излегување.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top