Facebook ја ребрендира Marketing Partner програмата, IM.mk е меѓу партнерите

За да привлече повеќе компании, Facebook ја ребрендираше својата Preferred Marketing Developer програмата во нешто позвучно – Facebook Marketing Partner. Програмата треба да креира екосистем за полесна соработка помеѓу огласувачите и бизнисите, кои, според Facebook, можат да влезат во партнерство што ќе резултира во подобри и поефикасни реклами. Новина е што сега во Marketing Partner програмата компаниите се поделени на категории според дејност што ќе помогне да се најде „совршениот партнер“. За Facebook, успешните соработки ќе значат и повеќе приходи, се разбира.

Но, не секој огласувач може да се претстави како официјален маркетинг партнер на Facebook. Треба да се исполнат одредени критериуми, а за возврат Facebook ќе ја врати довербата со пристап до ексклузивни поддршка. Една од ретките агенции во регионот кои успеаја да дојдат до таков статус е македонската агенција IM.mk.

„Да си Facebook маркетинг партнер значи квалитетот на твоите услуги и производи е на највисоко ниво, и ги имаш поминато строгите критериуми на Facebook“, вели Никола Бојков, основачoт на IM.mk.

„Како маркетинг партнер IM.MK добива пристап до invite-only настани и конференции организирани од страна на Facebook, можност за учество во innovation натпревари и хакатони, презентација на наши case study’s и white papers во sales материјали на Facebook, препораки од страна на продажните тимови на Facebook пред клиенти, и директен контакт и поддршка за нас и нашите партнери и клиенти“.

IM.mk всушност е маркетинг партнер на Facebook уште од стартот на програмата во 2012-та година, пред ребрендирањето во средината на февруари. Но, Никола се гордее што успеваат да ги задржат стандардите кои ги бара друштвената мрежа. Како дел од програмата IM.mk добива неограничен пристап до платформата за реклами Facebook Ads API, што им овозможи да креираат свој продукт за Facebook нотификации – Embed Social, и им даде одлична можност за соработка со брендови. Но, не со македонските брендови. Никола вели дека иако програмата е одличен начин да се пристапи до бренд со кој зедно се креираат цели маркетинг стратегии, сепак до сега немале соработка со македонски брендови, само со странските.

Можеби ваквите локални соработки ќе се подобрат со новиот производ на IM, апликацијата Take an ad која влезе во fbStart програмата преку која Facebook им дава поддршка на мобилните апликации.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
magdalena
magdalena
6 years ago

:*:|:):D

magdalena
magdalena
6 years ago

<3

Anon
Anon
6 years ago

invite-only, innovation натпревари, case study’s и white papers во sales материјали на Facebook. :(

magdalena
magdalena
6 years ago
Reply to  Anon

ajde odblokiraj te moluuu

види ги сите огласи на kariera.it.mk
за целосна понуда на продукти, на market.it.mk