Facebook им плаќал на своите корисници да го инсталираат Facebook Research VPN. Потоа друштвената мрежа ги собирала податоците од овие корисници. Компанијата можела да дојде до податоци за целокупните телефонски и интернет активности.
Друштвената мрежа одамна ја помина границата на прифатливо однесувања, а оваа вест е уште еден показател е дека во Facebook се комплетно загубени кога етичкото однесување е во прашање. Од 2016 година друштвената мрежа им плаќала до 20 долари месечно, плус дополнителна сума за препораки на корисници од 13 до 35 долари. Останува не баш целосно јасно кои податоци се тие до кои друштвената мрежа не можела да дојде па мораа дополнително да ја нарушат приватноста на своите корисници. TechCrunch објави дека Project Atlas е фокусиран на собирање на податоци од тинејџерите, но друштвената мрежа ја демантира оваа вест.
Она што е различно од досегашната злоупотреба е дека Facebook овој пат ги наруши и правилата за користење на Apple. Друштвената мрежа излезе со соопштение дека веднаш ќе ја затвори iOS верзијата на „Research“, Android продолжува со работа и понатаму.
Портпаролот на Facebook не одговори на прашањата на BBC дали „Project Atlas“ бил фокусиран единствено на САД или бил достапен и глобално. Од корисниците било барано и да споделуваат скриншот од страната со купени производи од Amazon.
Facebook оваа програма не ја тестирала преку стандардните канали. Наместо тоа друштвената мрежа ја промовирала оваа услуга преку BetaBound, uTest и Applause. Facebook продолжил со прибирање на податоци иако, Apple го забрани Onavo Project, VPN сервис на Facebook со слични недостатоци.
„Со инсталирање на софтверот, му давате на клиентот дозвола да собира податоци од вашиот телефон што ќе им помогнат да разберат како пребарувате на интернет и како ги користите функциите на апликациите кои ги имате инсталирано…
Ова значи дека ни дозволувате да собираме информации, како што се листа на апликациите на вашиот телефон, како и кога ги користите, податоци за вашите активности и содржина на тие апликации, но и каква интеракција имаат другите луѓе со вас или со вашата содржина на тие апликации. Ни дозволувате и да собереме информации за вашата активност за прелистување на интернет (вклучувајќи ги и веб-сајтовите што ги посетувате и податоците што се разменуваат помеѓу вашиот уред и овие веб-сајтови) и вашата употреба на други онлајн услуги. Постојат некои случаи кога нашиот клиент ќе ги собира овие информации дури и кога апликацијата користи шифрирање или од безбедносни сесии на прелистувачот“, вели Applause.
Корисниците во замена за податоците добивале ваучери во вредност од 20 долари. Дополнителни 20 долари биле исплаќани и за секој пријател на корисникот кој по добиено барање ја инсталирал апликацијата.
По инсталирањето корисникот требал единствено да го остави вклучен VPN, да го остави Facebook да ги собира сите податоци и да „си заработи“ 20 долари месечно.
Со оглед на тоа дека со оваа пракса Facebook сериозно ги наруши правилата за користење на Apple останува да почекаме и да го видиме одговорот на Apple.
[…] со која Facebook ги наруши правилата за користење е Project Atlas. Веројатно стравувајќи дека нема да ги поминат […]