0 коментари 2 мин. читање 8 октомври, 2014

Facebook и приватност? Звучи чудно, но мрежата работи на апликација за анонимност

Facebook се подготвува во следните неколку недели да издаде алатка која овозможува целосна анонимност. Корисниците на новата апликација ќе можат да го користат кое име сакаат, наместо да мора да го користат роденото име како што се прави на друштвената мрежа. Новата апликација ќе биде самостојна апликација, независна од Facebook каде идентитетот е јавен, која ќе им дозволи на корисниците да користат псевдоними доколку не се чувствуваат удобно додека разговараат на некоја тема, а сепак сакаат да го кажат своето мислење.

„Наша пракса на Facebook е сите да ги користат автентичните имиња кои ги користат и во животот… Ова беше нешто по што Facebook стана препознатлив. Разликата со останатите друштвени мрежи на кои можеше да се користат псевдоними, анонимност или имиња по случаен избор беа правило на овие социјални мрежи“, вели шефот за продукти на Facebook, Крис Кокс, за New York Times.

Алатката можеби доаѓа и под притисок на ЛГБТ заедницата кога друштвената мрежа помалку трапаво им ги наметна правилата на трансвеститите, кои започнаа да се префрлаат на Ello.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top