Facebook и Cambridge Analytica, една недела подоцна

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести

Минатата недела Facebook прво ја доби најголемата шлаканица од компаниите, а потоа и од корисниците. Она што го дозна најголемата друштвена мрежа е дека приватните податоци на корисниците не може да ги остави на доверба на своите партнери.

Причината за последниот скандал не е воопшто собирањето на податоци. Овој податок е објавен уште во 2015 година, новитет е единствено дека Cambridge Analytica не ги избришала овие податоци.

Јунак и на оваа приказна е свиркач. Овој пат тоа е Кристофер Вајли кој ја раскажа оваа приказна. Г. Вајли беше вработен во Cambridge Analytica додека траеле злоупотребите во компанијата.

Навистина целиот настан наликува на фантастична приказна или на текст од таблоид. Компанија без етика, психолошки ги манипулира луѓето злоупотребувајќи податоци до кои  дошле нелегално за да влијаат на политички настани. Засега се објавени два настани за кои има сомневање за влијание од страна на Cambridge Analytica, изборите во САД и Брегзит, а компанијата се поврзува и со избори во Шри Ланка.

На почеток на 2018 година извор од компанијата објави дека Cambridge Analytica сè уште ги поседува овие податоци. Првото барање за бришење на овие податоци дојде во 2015 година.

Кој е Кристофер Вајли?

Ново име во целата приказна е името на програмерот и „data-scientist“, г. Кристофер Вајли. Г. Вајли има 28 години, доаѓа од Канада,  и е поранешен вработен во Cambridge Analytica. Приказната се обнови пред една недела, со неговото појавување на Guardian.

Во ова интервју г. Вајли ја опишува алатката како: „оружје“, „неетички експерименти“, а компанијата за која работеше ја нарече „целосна машина за пропаганда“.

Александер Никс – човек без скрупули или сечени лепени монтирани материјали?

Експлозијата на незадоволство започна откако британскиот медиум Channel 4 објави видео снимено со скриена камера. Во ова видео г. Никс зборува за уценување на политички документи преку снимање на компромитирачки видеа, дали преку нудење мито или преку праќање Украинки. Во видеото претставници на компанијата тврдат дека користат технологија во Америка, Африка, Бразил, Мексико, Малезија, Кина, Австралија. Иако потенцираа дека во Кина не работат на политички кампањи.

По објавувањето на видеото, претставниците на Cambridge Analytica рекоа дека видеото е сечено, лепено и монтирано, а разговорите се извадени од контекст. Најавена е и тужба против Channel 4 News, но со оглед на моменталната ситуација, изгледа помалку веројатно.

Што се однесува до изборите во САД се чини дека надвор од тоа што неамериканска компанија несмеела да има улога во изборите, сепак нема криминал. Ниту еден од методите, иако за нивната етичност може да се зборува, не се нелегални. Сепак целата приказна за Cambridge Analytica почнува со нелегалното стекнување на податоци од 50 милиони корисници на Facebook.

Cambridge Analytica и американската врска

Cambridge Analytica уште пред 4 години доби 15 милиони долари од богатиот републикански донатор Роберт Мерсер. Причината поради која ги добија парите е ветувањето дека може да ги идентификуваат карактеристиките на гласачите. Компанијата доби поддршката и од советникот на Трамп, Стивен Банон. Г. Банон е ко-основач на крајно десничарскиот портал Breitbart News; поважно беше и главен стратег во Белата куќа пред да биде заменет.

Сепак тогаш немаа доволно податоци од корисниците за да функционира производот. Во 2015 година професорот Александр Крогн од Универзитетот Кембриџ креираше апликација-квиз thisisyourdigitallife. Корисниците можеа да се најават со својот Facebook профил. Токму ова помогна преку овој квиз, GSR да дојде до податоци на корисниците.

Иако апликцијата „thisisyourdigitallife“ имаше единствено 270.000 корисници, дојдоа до податоци од 50 милиони, јави Recode. Податоците беа од широк спекатар, од интереси до фотографии. Г. Коган овие податоци ги сподели со Cambridge Analytica, иако ова е споротивно на условите за користење на Facebook.

Избори во САД

Роберт Мерсер и Стив Банон во претседателската трка во САД, му ја дадоа својата доверба на г. Доналд Трамп. Заедно со нив дојде и технологијата на Cambridge Analytica. Основачот на компанијата всушност, г. Александер Никс, на денот на изборите објави дека психографските алгоритми победиле.

Г. Никс повеќе не е дел од Cambridge Analytica, компанијата го суспендираше. Иако со оглед на тоа дека најголем дел од работата ја прават алгоритми, се чини и дека нема да биде премногу потребен.

Ова е и законски проблематично бидејќи според законите во САД, странска компанија не смее да влијае на избори во државата. Cambridge Analytica e регистрирана и работи од Велика Британија.

Сепак, пред скандалот владееше верување дека Cambridge Analytica всушност не прави онолку колку што зборува. Гласноговорниците од компанијата важат за фалбаџии. Сомневањата се дека компанијата го преувеличува своето влијание во кампањите во кои учествува. Секако компанијата и нивната технологија можеби нема никаква улога во победата на г. Трамп, па целата оваа „хајка“ можеби само им помага да ја зголемат претставата дека имаат некакво влијание

Брегзит

Но, не се проблемите само во САД. Велика Британија и гласањето за Брегзит се под лупа. Компанијата тврди дека нема никакво влијание во изборите, но се чини дека сепак се дел од кампањата.

Компанијата ги анализирала податоците за Leave.EU, вели Британи Кајзер, поранешен директор во компанијата. Компанијата тврди дека нема направено ништо лошо, но се чини дека сепак има проблеми со дел од податоците кои ги анализирале. Cambridge Analytica се сретнале со претставниците на Leave.EU барем 6 или 7 пати. Компанијата анализирала податоци од Ukip, која е дел ко-основана од Арон Банкс.

Претходно г. Никс тврдеше дека компанијата нема никаква улога, ниту работеле за референдумот за излез од ЕУ. Она што е потврдено е дека Cambridge Analytica не земала пари од Leave.ЕU.

Проблемите за Брегзит се чини само што започнуваат. Истрага во потрошените средства покажува дека поддржувачите на напуштање на Унијата потрошиле значително повеќе пари од законски дозволениот лимит во кампањата.

Податоците се супер, но како се влијаеше на гласачите?

Cambridge Analityca има сериозни тестови за изборите во САД. Компанијата ги тестирала и двете фрази кои претседателот Трамп често ги користеше во кампањата: „drain the swamp“ и  „deep state“.

„Ќе знаеме на какви пораки сте чувствителни, каде ќе ви биде покажана оваа порака и колку пати треба да влијаеме на вас пред да го промениме вашето мислење за нешто“, вели „свиткачот“ Кристофер Вајли, за Guardian.

Над 10 000 различни огласи биле испратени до различна ублика месеците пред изборите. Овие огласи се видени милијарда пати, вели извор на Guardian.

Пораките и податоците потоа полека се испраќаат до корисникот преку куп различни канали. Google, Snapchat, Twitter, Facebook и YouTube се дел од овие канали, јави Guardian.  Ако веруваме на зборовите на г. Вајли ова трае се додека не го смени своето мислење.

Техниката која се користи е толку прецизна што со неа може да се таргетираат не само градови или квартови туку поединци.

Разврска?

За почеток британската полиција влезе во седиштето на Cambridge Analytica. Над 18 истражители влегоа во команијата во петок на 23 март. Пребарувањето траеше 7 часа, пренесе BBC. По ова, полицијата со кутии со докази ја напушти зградата.

Налогот за претрес им овозможи на полицајците пристап и до серверите и базите на податоци на Cambridge Analytica.

Не е едноставно да се погодува што ќе се случи во иднина. Г. Закерберг треба да се појави во Конгресот на САД и пред пратениците во Велика Британија.

Започна движење #deletefacebook чија цел е бришењe на профилите од друштвената мрежа. Најверојатно најпозната личност која досега ја поддржа кампањата е Илон Маск кој ги избриша профилите на Space X и Tesla од Facebook. Директорот на Dropbox ја искористи оваа прилика да каже дека водички принцип на компаниајта останува „корисниците се први“.

Facebook секако нема да пропадне, иако акциите на компанијата како последица значително паднаа. Секако најдобриот исход од ова е што повторно гласно се зборува за приватноста и за одговорностите кои ги имаат друштвените мрежи. Земањето пари од реклами е супер, но нема да има реклами ако нема корисници.

„Работам да дознаам што се случило и како да не се повтори. Добра вест е дека најважната акција за ова да не се повтори е направена пред неколку години. Но, направивме и грешки, треба уште работа, а ние мора да ја завршиме“, вели г. Закерберг.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Analytica има контроверзна пр&… и бескрупулозно […]

trackback

[…] Analytica има контроверзна пракса и бескрупулозно ги користи податоците од корисниците, […]

trackback

[…] која беше во фокусот последните неколку месеци, Cambridge Analytica ќе затвори. Причини за затворањето има повеќе, а сите […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk