Facebook го надгради својот уред за паметен дом

Avatar img-thumbnail img-circle

во Друштвени игри

Image courtesy of Facebook

Минатата година Facebook го претстави Portal, дисплеј налик на Alexa, прв хардвер кој е креиран во Facebook. Сега компанијата претставува надградби на уредите, иако станува збор и за проширување на „семејството“. Две надградби а Portal и еден сосем нов уред беа претставени оваа недела.

Portal и Portal Mini се директна надградба на претходниот уред, а Portal TV е нов уред, „set-top box“ со кој телевизорот ќе може да се користи за видео разговори, проширена реалност, видеоигри и гледање на содржина, на пример Amazon Video. Уредот се побрзува преку HDMI на телевизорот и од таму ги овозможува сите дополнителни функционалности. Најголемата разлика со конкурентите му е 12 MP камера која овозможува споделување на видео. Најголемата предност на Portal TV е што го користи најголемиот екран кој му е достапен на корисникот без дополнително плаќање. Чини 150 долари и овозможува куп функционалности.

Другите нови уреди, Portal и Portal Mini овозможуваат речиси се што овозможуваше и претходникот. Главно тоа се видео разговори и говорен асистент. Најголемата разлика и предност во однос на минатогодишниот модел е интеграцијата на WhatsApp. Корисниците ќе може со Whats App да разговорат, и овие разговори се со end-to-end криптирање. Можноста за разговори е најголема предност и во споредба со конкуренцијата од Amazon и Google кој речиси па и ја игнорираат можноста за разговори.

„Не се работи за хардвер – ова е за луѓето. Наша цел е да ги поврземе луѓето, ова не е мисија да им ставиме крај на паметните телефони. Марк постојано повторува Ќе ги поврземе сите луѓе кои имаат паметни телефони, но мора да размислуваме и што по телефоните“, вели Андрју Босфорд, шеф на одделот за проширена реалност.

Овие уреди по намената се слични на Kindle, веројатно Facebook губи пари или можеби само не заработува, но ќе ги задржи корисниците на својата платформа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments