Facebook ги поддржа трансексуалците и интерсексуалците; воведе повеќе опции за избор на пол

Facebook објави дека корисниците ќе имаат поголема флексибилност кога е во прашање изборот на нивниот пол на друштвената мрежа. Освен машки и женски, Facebook сега нуди и избор на друг пол во кои се спаѓаат трансродовата или интерсексуалната сексуална определба. Освен ова друштвената мрежа нуди опција за родот во кој го преферираат кога им се обраќаат. Со оглед на тоа дека дел од корисниците немаат разбирање за различната сексуална определба, а и дел од корисниците со различна сексуална определба сакаат да ја задржат во тајност, Faceook нуди и опција со која корисниците можат да изберат кој ќе може да ја види оваа информација.

„Кога доаѓате на Facebook за да се поврзете со луѓето, иницијативите или организиациите кои ви значат, сакаме да се чувствувате какби што навистина сте, Важен дел од ова е можноста за изразување на полот, особено кога е далеку од машки и женски. Денеска сме горди да ви понудиме нова подобра опција која ќе ви помогне подобро да ја изразите својата сексуална определба“, објави Facebook.

Засега опцијата е достапна во САД, а останува непознато дали и кога оваа функционалност ќе биде достапна насекаде.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments