{mosimage} Друштвената мрежа објави детали од сите идни проекти и промени на API платформата во наредниве 6 месеци. Листата на проектите е главно наменета да им помогне на 1 милиони програмери и девелопери на околу 350.000 апликации, но секој може да види за какви промени размислува Facebook.
Најголемите најавени промени и проекти се:
- Девелоперите ќе имаат подобра интеракција и пристап до кориснички имејл. Ова ќе овозможи на девелоперите на апликациите полесно да контактираат со корисниците. Секако апликациите ќе имаат пристап до имејловите само со согласност на корисникот.
- Поедноставна навигација на апликациите – Facebook работи на поедноставно наоѓање и користење на апликации. Додатно, корисниците ќе имаат подобар начин да ја презентираат апликацијата на својот профил. Ќе закачи и Dashboard од страна на профилот што ќе биде мени за апликациите. Со ова најверојатно ќе се тргнат нотификациите за апликациите од профилот.
{mosimage}
- Оpen Graph Api – „Секоја веб страна може да биде како Facebook страна. Корисниците ќе можат да бидат фанови на таа страна, и на профилот ќе им се покаже дека се фанови на таа страна.“ пишува девелоперскиот тим. Деталите не се баш јасни, но Итан Бирд, продукт менаџерот на Facebook, вели дека со Open Graph Api една веб страна може да има фанови и други познати Facebook карактеристики без воопшто да има свој профил на друштвената мрежа.
На кратко, планот на Facebook е да овозможи поголема и поефикасна интеракција на корисниците со апликации. Подолу е видео од средбата на Facebook со девелоперите.






