Facebook дозволи компаниите да се вратат до 1000-та година во својот Timeline

Со стартување на Timeline за фан страните, Facebook започна интересен тренд дозволувајќи им на компаниите да се вратат назад во времето и да ја претстават својата приказна уште од основањето, од пред десетици, понекогаш и стотици години.

Пример, стари компании како Coca-Cola можеа да одат назад низ годините на својот „времеплов“ и да додаваат интересни моменти од минатото, се до 1886-та година кога е основана компанијата.

Но, иако одлична идеја, постоеше проблем со времепловот. Facebook дозволуваше компаниите да се вратат во времето само до 1880-та година, иако на друштвената мрежа постојат профили на компании кои се стари повеќе од 200 години. Пример, Универзитетот Принстон е основан во 1746-та година, а белгиското пивaра Stella Artois е основана во 1366-та година.

Се чини дека Facebook не беше свесен за ова, можеби векови стари компании не се многу на број на друштвената мрежа, па ги лимитираа годините, се додека Mashable не објави текст во кој посочија на тој проблем. Неколку дена по тој текст, Facebook овозможи патување назад во времето дури до 11-тиот век покривајќи поголем дел од компаниите.

Сигурно ќе си помислите дека 1.000 години наназад во времето ќе биде доволно за неколкуте прастари компании кои функционираат и денеска, но дали знаевте дека има компании кои постојат и пред тоа, уште во 705-та година? За среќа на Facebook, никоја од тие компании нема друштвен профил.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk