Microsoft претстави нова серија на лаптоп компјутери пред сè наменети за користење во образованието. Овој сектор благодарение на ниските цени последните неколку години е под доминација на Google, но работите полека се менуваат.
Компанијата заедно со неколку партнери претстави 7 уреди, сите поевтини или околу 300 долари. Дел од партнерите на Microsoft за овие лаптопи се Dell, Lenovo и Acer. Дел од овие уреди се баш специјализирани за користење во училишта. Lenovo 300 e за 290 долари доаѓа со поддршка за електронско пенкало, но ако корисникот (ученикот) нема пенкало може да користи и обичен молив. Дополнително компанијата ја намали цената на минатогодишниот 100е модел на 190 долари.
https://youtu.be/krRRskzHWFE
За Microsoft проектот за освојување на училиштата започнува со Surface Go. Компанијата минатата година го претстави овој лаптоп и иако нешто поскап (400 долари), сепак е конкурентен со Chromebook. Компјутерот доаѓа со: 1.6GHz Intel Pentium Gold 4415Y (dual-core, 2MB cache) процесор; интегрирана Intel HD Graphics 615 графичка картичка; 8GB LPDDR3; 10-инчен 1,800 x 1,200 (217 ppi; 3:2) PixelSense монитор. Компјутерот може да се користи и како лаптоп и како таблет компјутер.
Microsoft пак претстави ново поевтино електронско пенкало наменето исклучиво за училиштата, пренесе Verge. Компанијата започнува со глобална испорака веќе следниот месец, а цената на пенкалата е 40 долари. Компанијата ќе ги продава овие електронски пенкала исклучиво на училишта и во пакувања од по 20 пенкала. Она што е најважно пенкалата ќе функционираат и со постарите модели. Поточно ако уредот поддржува Microsoft Pen Protocol ќе го поддржува и новото пенкалце.