Европските научници го стартуваат проектот The Rapyuta кој ќе овозможува роботите да прабаруваат информации за ситуација во која прв пат се наоѓаат. Покрај ова сервисот ќе овозможува пресметки преку облак, што би требало да ја намали потребата од пресметки во самиот робот, а со ова и да ги поефтини роботите, јавува BBC.
Rapyuta е дел од европскиот проект Robo Earth и ќе биде своевидна Wikipedia за роботи. Покрај ова ќе овозможува пресметки при сложени операции, како навигација низ соба или диплење на облека и препознавање на говор. Реализацијата на проектот е овозможена од развојот на бежичниот интернет кој сега овозможува далеку поголема брзина отколку пред десеттина години. Префрлање на овој начин на работа ќе овозможи и обемот на операции кои ги прави роботот да расте со напредокот во бежичните комуникации.
Покрај падот на цената и зголемување на мобилноста на роботите, Rapyuta ќе овозможи и делумна стандардизација и олеснување на работата на дел од девелерите. Токму ова ќе биде најголемата придобивка, бидејќи конечно луѓето кои работат на роботи имаат сопствен начин за решавање на проблемите. Стандардизацијата ќе го олесни споделувањето на знаење и ќе овозможи брз напредок бидејќи конелно сите ќе решаваат ист проблем, вели др. Ваибел од Универзитетот во Цирих.
[youtube]4-ir1ieqKyc[/youtube]







